
Познатата банка JPMorgan Chase отпушта околу 500 вработени, потврди портпаролот на банката за CNN.
Отпуштањата се случуваат низ целата компанија, но најмногу ќе се фокусираат на технологијата и операциите, се вели во извештајот. Портпаролот на JPMorgan рече дека компанијата редовно ги прегледува своите деловни и потребите на клиентите и продолжува да вработува во други области.
Банката има вкупно повеќе од 13.000 отворени работни места и вработува речиси 300.000 луѓе. Оваа вест, инаку, доаѓа само еден ден откако JPMorgan информираше за 1.000 вработени во First Republic Bank дека повеќе нема да имаат работа.
JPMorgan купи поголем дел од таа банка претходно овој месец, откако регионалната институција со седиште во Сан Франциско беше запленета од владата.
Фото: Facebook











