Член на Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје купи дополнителни акции

Реплек АД Скопје ја информираше јавноста дека членот на Надзорниот одбор, Петар Андреевски, се стекнал со дополнителни 30 акции од компанијата. Со оваа трансакција, Андреевски сега вкупно поседува 100 акции на Реплек.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува
Член на Надзорниот Одбор на Реплек АД Скопје, Петар Андреевски се стекна со 30 нови акции при што вкупно поседува 100 акции“.