Член на УО на Реплек купи акции од компанијата

Членот на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, Котески Коста купи акции од фармацевтската компанија и сега поседува вкупно 380 обични акции.

„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува: Членот на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, Котески Коста се стекна со 10 нови акции при што вкупно поседува 380 обични акции, стои во објавата на компанијата.
Кога менаџментот купува акции на својата компанија, тоа често се интерпретира како уверување дека тие веруваат во нејзиниот раст и успех. Овој потег може да ја зголеми довербата на инвеститорите.