Членките на ЕУ го поддржуваат нацрт-законот за правата на хонорарците на онлајн платформите

Европа е поблиску до одлука да им се даде на привремените работници на онлајн платформите како што е Uber поголеми социјални и работнички права, иако компаниите на терен истакнуваат дека малку ќе се промени со новите правила.

Нацрт-законот, кој Европската комисија го предложи за прв пат во 2021 година, е наменет за околу 28 милиони работници во ЕУ, чиј број, според предвидувањата, следната година ќе порасне на 43 милиони, пишува Ројтерс.

Пратениците на Европската унија постигнаа политички договор минатиот месец, дури откако го ублажија предлогот на Европската комисија, кој не успеа да собере доволно гласови од земјите на ЕУ, бидејќи Франција, Германија, Естонија и Грција беа воздржани.

Тој прелиминарен договор го укина сетот критериуми, а нацрт-правилникот забранува употреба на системи за автоматско следење или одлучување за обработка на одредени видови лични податоци на лица кои вршат работа на платформата, како што се биометриските податоци или нивната емоционална или психолошка состојба.

Актуелното претседавање со ЕУ, Белгија, на мрежата Х објави дека на овој начин ќе се подобрат правата на повеќе од 28,5 милиони Европејци, кои работат на привремени работни места.