
Земјите-членки на Европската унија во среда, на 9 април, треба да гласаат за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум, изјави денеска висок претставник на ЕУ.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно денеска силно ги критикуваше новите американски царини и најави дека ЕУ веќе подготвува контрамерки.
„Европа е во завршна фаза од првиот пакет мерки како одговор на првите царини за челикот, а ние подготвуваме и дополнителни мерки доколку преговорите не дадат резултати“, рече Фон дер Лајен.
Марош Шефчовиќ: ЕУ нема да седи со скрстени раце, утре ќе разговарам со американските колеги Европскиот комесар за трговија и економска безбедност
Марос Шефчовиќ, најави дека утре ќе разговара со американските колеги откако САД најавија нови царини и порача дека Европската унија нема да седи со скрстени раце доколку не може да постигне фер договор.
Шефчовиќ на социјалната мрежа Х истакна дека ЕУ ќе се однесува мирно и обединето, внимателно дефинирано во фази, притоа приспособувајќи го својот одговор, оставајќи доволно време за разговори.
„Но, нема да останеме со скрстени раце ако не успееме да постигнеме фер договор. Утре ќе разговарам со моите колеги од САД“, рече Шефчовиќ.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини на повеќе од 180 земји и територии низ целиот свет, вклучително и царина од 20 отсто за стоки увезени од ЕУ.
Фото: Pixabay











