Чоколадна земја во Веро центарот

116

slatko-patuvanje-kade-se-krijat-najvkusnite-cokoladi-na-svetot-3 Над 1.000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, чоколади со различни вкусови и разни додатоци, ќе понуди втората манифестација Чоколадна земја, што од денеска до 13 март ќе се одржува во трговскиот центар Веро.
Посетителите ќе имаат можност за дегустација и промотивните цени на чоколади, со програма за најмалите. Учествуваат 9 излагачи, производители и дистрибутери на чоколадо.
Во Чоколадната земја ќе бидат изложени чоколади и слатки на Мако Маркет со брендот Мое колаче, Краш, Европа, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови.
Чоколадото е познато по тоа што има многубројни физиолошки ефекти врз телото, односно се поврзува со нивото на сератонин во мозокот. Опфаќа голем број сурови и процесирани хранливи производи што имаат потекло од семето на тропското какао дрво, чие горчливо семе се пече и ферментира.
Чоколадото што денес се произведува е комбинација од семе на какао, маснотии, шеќер и други состојки што имаат точка на топење малку помала од телесната температура, а различните вкусови на чоколадото се добиваат со мешање на различни количини од различни состојки или со менување на времетраењето на температурата на печење на зрната.
Потеклото на зборот чоколадо најверојатно доаѓа од јазикот на Ацтеките, а во македонскиот јазик влегол преку шпанскиот јазик.