Чоколадни потпетици – оригинален подарок за Денот на вљубените

51

article-0-1788154D000005DC-620_634x369Андреа Педраза, производител на чоколадо од Тексас и голем љубител на високите потпетици, реши својата пасија да ја претвори во слатко задоволство. Имено, Педраза за Денот на вљубените произведе уникатен подарок кој ја спојува модата и чоколадото во едно –чоколадни чевли.

article-2277648-178814A2000005DC-140_634x433

Нејзините “креации” се чоколадни потпетици во стилот на Christian Louboutin, познати како Лобутинки. Овие вкусни задоволства доаѓаат во различни дезени, како зебра принт и полкови точки.

article-0-17881134000005DC-615_634x438

Цената на овие вкусни чевли се движи од 30 до 55 долари. Дополнување на потпетиците со ектра чоколадо чини екстра. Педраза вели дека нејзини најчести потрошувачи се мажите кои во чоколадните потпетици гледаат одличен подарок за партнерката на Денот на вљубените.