Чоколадите поскапуваат во светот поради поскапувањето на суровините, но тоа е причината само „на прв поглед“, пишува порталот „The Southafrican“.
Статистичарите пресметале просечен пораст на цената на чоколадото во мај од 14 отсто во однос на мај минатата година, а само годинава седум отсто, но повеќе од 63 отсто од 2017 година.
Има неколку фактори во игра, но главната причина е растот на глобалните цени на какаото, кои растат во последните три години, а во 2024 година ќе достигнат максимум во последните 46 години.
Областите за производство на какао во Западна Африка се најголеми во светот. Временските обрасци на Ел Нињо кои на некои места носат долготрајна суша и на други обилни дождови, негативно влијаеле на тие области. Болестите на земјоделските култури, како и геополитичките тензии поради војната меѓу Русија и Украина, влијаат на пазарот на ѓубрива.
Ел Нињо предизвика суво време во Западна Африка и придонесе за проблеми на плантажите, како што е вирусна болест на фиданки.
Недостигот на зрна какао оваа година речиси доведе до затворање на погоните за преработка во Брегот на Слоновата Коска и Гана. Овие две земји сочинуваат 60 отсто од светското производство.
Иако приносите се намалуваат, глобалната побарувачка расте. Ова создаде глобален дисбаланс на понудата и побарувачката и резултираше со значително повисоки цени.
Пазарните експерти предвидуваат дека на глобалниот недостиг на какао наскоро ќе му дојде крајот. Закрепнувањето на производството на какао на најголемите светски фарми треба да стави крај на тој огромен недостиг, според брокерот за стоки Marek Group.
Групата очекува производството на какао да ја надмине побарувачката во претстојната сезона 2024-2025 година. која започнува во октомври. Тоа ќе ја означи првата година на суфицит по три последователни сезони со дефицит.
Очекуваните подобри временски услови во Западна Африка позитивно ќе се одразат и на производството на какао.
Блумберг забележа дека повлажните временски услови во Западна Африка веќе помогнаа цените на какаото да паднат од историските највисоки нивоа претходно оваа година.