ЧСА стана дел од Чешки Аерохолдинг

64

Тоа се случи откако чешкото Министерство за финансиии го потпиша Договорот за удел на 95,69% од акциите на ЧСА во основниот капитал на аерохолдингот.

Во новата компанија веќе се трансформирани другите фирми ќерки на ЧСА.

Новата фирма, со одлука на Владата е формирана од мај минатата година со цел да се создаде капитално силен и стабилен субјект кој би функционирал поефективно. За една година таа веќе оствари бруто добивка од над 12,2 милиони евра. Додека ЧСА, која лани продаде имот за 35 милиони евра, забележа опаѓање на приходите за 184.000 евра.