Чудни трикови за подобро здравје

23

Неколку одлични трикови за да го подобрите вашето здравје.

Кафе за подобра дремка

Според едно јапонско истражување, луѓето кои пијат кафе (200 милиграми) и потоа легнуваат да одремат (20-тина минути) се чувствуваат побудни и поенергични. Во истражувањето биле испитувани две групи испитаници: оние кои се напиле кафе пред дремката постигнале подобри резултати на тестовите од оние што не пиеле кафе пред да заспијат.

Не ги мијте забите веднаш после оброк

Експертите советуваат да почекате 30 до 60 минути после оброкот за миење на забите. Ова особено важи доколку сте конзумирале цитрусни овошја и минерални пијалоци, чија киселина ја омекнува забната глеѓ.

cetka-pasta-pexels

Фото: Pexels

Качете мускулна маса за да бидете витки

Доколку сакате да го намалите конфекцискиот број, кревајте тегови. Штом почнете да качувате на мускулна маса, телото ќе станува се повитко, а вие ќе можете да ги облечете одамна заборавените парчиња облека.

За да се ослабете јадете покалорична храна

Ако појадокот е побогат и содржи повеќе калории, тој ќе ви помогне да останете сити подолго време и да се воздржите од повременото грицкање помеѓу оброците. Затоа оброците нека ви бидат богати со протеини.

Кога сте уморни и нераспложени, вежбајте

Заморот, лошото расположение и депресијата можат да се победат со 30 минутно вежбање. Не препуштајте им се, практикувајте секојдневна получасовна физичка активност за да ја разбудите енергијата и позитивните мисли.

Кога имате чувство на подуеност, пијте вода

Звучи како последно нешто што би го направиле тогаш, но пиењето вода кога чувствувате подуеност всушност помага. Особено доколку јадете храна која содржи влакна, како житарици, јаткасти овошја, брокула, тиква, банана, печени компири…