Американскиот технолошки гигант, Cisco треба да плати 1,9 милијарди долари поради кршење на права на четири патенти што ги регистрирала компанијата за кибернетичка безбедност, Centripetal Network.
Според странските медиуми, потезите на Cisco биле “промислени и скандалозни“, па износот на штетата од 755 милиони долари ќе биде зголемен, пресуди окружниот суд во Норфолк во сојузната држава Вирџинија.
Cisco мора да плати и камата и судски трошоци, како и затезна камата во висина од 10% од приходите на продажба на производите опфатени со патентите во следните три години, односно 5% три години подоцна.
Компанијата што произведува опрема за интернет инфраструктура најави жалба на пресудата.
Фото: Pexels