Цитати што ќе ве инспирираат во 2014 година

177

inspiracija

Фото: Pixabay

Почетокот на годината е добро време да се инспирираме за иднината, визијата, целите и очекувањата. Еве неколку цитати од големи луѓе, кои ќе ве водат низ 2014 година, кои ќе ви дадат сила и мудрост да го истуркате до крај тоа што сте го започнале и храброст да почнете нешто ново.

Еве како да добиете се што ќе посакате оваа година:

Најважната работа во комуникацијата е да слушате што не се кажува. (Питер Дракер)

Бидете тоа што сте, а не она што мислите дека другите би сакале да бидете. (Хенри Дејвид Торо)

Искреноста е првото поглавје од книгата на мудроста. (Томас Џеферсон)

Да се биде заедно е почеток. Да се остане заедно е прогрес. Да се работи заедно е успех. (Хенри Форд)

Животот е 10% што ми се случува и 90% како реагирам на тоа. (Џон Максвел).

Нема да преживеат најпаметните и најсилните, туку оние што ќе се адаптираат на промените. (Чарлс Дарвин)

Падни седум пати и стани осум пати. (Јапонска поговорка)

Не можеш да одглумиш страст. (Барбара Коркоран)

Никогаш не им кажувајте на луѓето како да ги работат работите. Кажете им што треба да сработат и ќе се изненадите од нивната генијалност. (Џорџ С. Патон)

Може да се жалиме дека розите имаат трње или можеме да бидеме благодарни дека трнливите грмушки имаат рози. (Том Вилсон)

Однесувајте се кон секого со почит. Точка. Без исклучоци. (Киана Том)

Никој не останал сиромашен затоа што давал. (Ана Франк)

Логиката ќе ве однесе од точка А до точка Б. Имагинацијата ќе ве однесе секаде. (Алберт Ајнштајн).

Мала промена денес ќе донесе драматично различно утре. (Ричард Бах)

Прекрасното патување денес може да започне само кога ќе научиме да го оставиме вчера зад себе. (Стив Мараболи)

Не можете да оставите отпечаток од стапалото што ќе трае ако секогаш одите на прсти. (Мерион Блејкли)