Citigroup продаде удел во турската Akbank за 1,2 милијарди долари

22

akbank

Citigroup продаде околу 10% од уделот во турската Akbank за 1,2 милијарди долари, пишува Хуријет.

Банката, чие седиште е во Њујорк, во последните години почна да се повлекува од меѓународните пазари, а пример за тоа е повлекувањето од Турција и Јапонија.

Од Citigroup, што е вториот најголем акционер во Akbank, истакнуваат дека оваа продажба нема да има големо влијание на нивните финансии. Оттаму не го откриваат името на купувачот на продадениот удел.

Акциите на Akbank, што е четврта по големина банка во Турција, забележаа пад од над 5% на почетокот на тргувањето во Истанбул.

Сепак Citigroup, како што се наведува, ќе остане посветена на банкарскиот пазар во Турција, каде што планира проширување на обемот на работа и зголемување на бројот на вработени.