Classon – паметна кацига со трепкачи, предна и задна камера

78

classon 1

Classon е паметна заштитна кацига за велосипеди што на корисникот му сигнализира доколку му се доближува автомобил, а тој не може да го забележи. Исто така, оваа кацига има трепкачи и стоп светло што им сигнализира на останатите учесници во сообраќајот дали велосипедистот врти десно, лево или запира.

Classon е опремена со предна и задна камера, коишто ја снимаат околината низ којашто се движи велосипедот. Кацигата може да се поврзе и со мобилен уред и да се види снименото возење или пак во живо да се следи велосипедистот.

Доколку велосипедистот сака да заврти лево или десно, тој лесно замавнува со рака, по што се активира десниот или левиот трепкач.

Прототипот на кацигата го направи американскиот старт – ап Brooklyness, а за почеток на производството бараат финансиска поддршка од 30.000 долари на Kickstarter.