Clean the World собира, рециклира и донира хотелски сапуни во хуманитарни цели

21

Clean the World, која што е непрофитна организација, собира користени сапуни од хотели, ги чисти и потоа ги донира каде што е потребно. Најчесто тоа се земји со висока стапка смртност од пневмонија и колера, болести поврзани со лоша хигиена.

Кога започнале со оваа пракса, пред 10 години, се случувало шест луѓе да успеат да исчистат околу 500 сапуни дневно.

Годинава имаат вклучено напредна технологија со којашто се произведуваат шест милиони сапуни годишно. Нивни најголеми клиенти се Marriott International и InterContinental Hotels Group, пишува Business Insider.

Освен сапуни, Clean the World рециклира и останати средства за хигиена од хотелите, како пластични шишенца со шампони, гелови, пасти и слично.

Сепак, со трендот на елиминирање на пластиката од хотелите ќе се намали и работата на организацијата.

Во Clean the World, покрај вработените, помагаат и 20.000 волонтери на годишна база.

Фото: Pexels