Clinicloud – дигитален стетоскоп и топломер за лекување во домашни услови

235

clinicloud-designboom06

Новите технологии и напредокот на медицината во голема мера влијаат на квалитетот на животот. Сведоци сме на бројни уреди кои имаат за цел да го контролираат и алармираат корисникот за неговата здравствена состојба.

clinicloud-designboom03

Clinicloud  е уред што во себе содржи дигитален стетоскоп и топломер, со чија помош се снимаат податоците, а на корисниците може да им пружи и директна докторска консултација.

clinicloud-designboom04

Уредот може да им помогне на сите родители да може да го следат здравјето на нивните деца така што резултатите ќе ги добијат на нивниот паметен телефон преку интегрирана апликација.

clinicloud-designboom07

Дигиталниот стетоскоп во предвид го зема респираторниот систем и отчукување на срцето, а топломерот со помош на новата генерација на инфрацрвена технологија и Bluetooth врска може да даде точни податоци за температурата без било каков контакт. Сите податоци се префрлаат на телефон или cloud за да може здравствената состојба на детето да се следи одреден временски период. Увид во овие податоци би имале и докторите, кои преку видео разговор би можеле да им помогнат на своите пациенти.

clinicloud-designboom02

Цената во предпродажба на овој паметен уред е 109 долари, а испораката се очекува да почне во јули оваа година.