CNN ќе наплатува за својата онлајн содржина

15

12289622_10154246192721509_1897912583584847639_nФото: Facebook

Американскиот медиумски гигант CNN од следната година ќе започне да ја наплаќа својата содржина на интернет, пишува Mashable. Досега целата понудена содржина беше бесплатна заедно со рекламите.

CNN се приклучува кон растечката група на медиуми коишто неодамна започнаа воведоа претплата. Како и останатите слични понуди, CNN нема да ја наплаќа целата содржина. Компанијата работи на нови содржини, каде се вклучени кадри од секторите CNN Money и CNN Politics, со надеж дека луѓето ќе сакаат да платат за да прочитаат одредена објава.

Цените сè уште не се одредени, но крајната цел на претплатата е да се оствари приход од една милијарда долари до 2022 година. Одлуката доаѓа од фактот што денес луѓето сè повеќе време поминуваат читајќи онлајн од своите паметни телефони и компјутери, отколку што гледаат телевизија.