CNN+ се гаси само еден месец од почетокот на работа: Шефот ја откри причината

65

Си-Ен-Ен Плус, стриминг сервисот на Си-Ен-Ен, се гаси без да заврши еден месец работа, пренесува protothema.gr.

Тоа на вработените во четвртокот им го соопштил новиот извршен директор на Си-Ен-Ен, Крис Лихт, а како датум на целосен прекин на работата го навел 30 април.

Лихт му честиташе на тимот на Си-Ен-Ен Плус во меморандумот со кој ги информираше за раскинувањето и рече дека одлуката „не го одразува квалитетот и талентот на вработените и содржината на Си-Ен-Ен Плус, а некои од нив ќе се преселат на други позиции на Си-Ен-Ен или други компаниски мрежи“.

Одлуката, вели тој, е дел од пошироката деловна стратегија.

„На сложениот пазар на стриминг услуги, корисниците сакаат едноставност и унифицирана услуга, која обезбедува подобро корисничко искуство и претставува поголема вредност од индивидуалните понуди“, рече Лихт.

На вработените ќе им се исплаќа надоместок во наредните 90 дена, додаде тој, а оние кои нема да добијат второ место во компанијата ќе добиваат бенефиции уште најмалку шест месеци.

Според грчкиот портал, компанијата ја напушта Ендрју Морс, првиот човек на CNN +.