Coca Cola лансира нов производ – млеко Fairlife

92

coca cola

Американскиот производител на пијалоци Coca Cola на пазарот ќе лансира сосема нов производ – млеко.

Coca Cola планира да го понуди својот нов производ под името Fairlife низ супермаркетите во САД до крајот на декември. Ова млеко содржи 50% повеќе протеини и 50% помалку шеќер од стандарното млеко, а ќе биде и збогатено со 30% повеќе калциум, јавува CBS news.

fairlife 1

“Главната цел на производството на овој производ е таканаречена премиумизација на млекото“, вели Сенди Даглас, заменик претседател во Coca Cola за Северна Америка. Американците во последно време покажуваат огромен интерес за производи што содржат големо количество на протеин и малку шеќер.

Coca Cola ќе има за цел да потенцира колку Fairlife е поинакво од традиционалното млеко. За производството на ова млеко се користи технологија на ладно цедење со цел да се сконцентрираат протеините и калциумот, додека мастите и шеќерите се отстрануваат. Во ова млеко не се додава лактоза или дополнителни протеини.

fairlife