Coca-cola престанува да прави Sprite во зелени шишиња

177

Coca-cola престанува да произведува Sprite во зелени шишиња. Целта на промената е мерка во насока на новата еколошка политика на компанијата, пишува CNN Business, повикувајќи се на соопштение на компанијата.

Со ова, производителот има за цел да го поедностави процесот на рециклирање на амбалажата и да ја намали количината на пластичен отпад.

Пластиката што компанијата сега ја користи за продажба на Sprite содржи адитив – зелен полиетилен терефталат (ПЕТ). Поради бојата, шишињата Sprite не можат да се рециклираат за повторна употреба заедно со повеќето транспарентни пакувања, бидејќи ги обојуваат сите други рециклирачки производи во зелена боја.

Префрлувањето на проѕирна пластика ќе му помогне на производителот да го олесни процесот на рециклирање и да го намали отпадот на долг рок.