Coca Cola прогласен за бренд што најмногу ја загадува животната средина со пластика

51

Еден од најпознатите брендови во светот, Coca – Cola се најде на првото место на листата Најголеми загадувачи со пластика.

Компанијата втора година по ред се “кити“ со оваа не толку посакувана титула, според една ревизија спроведена на шест континенти во 50 земји.

Учествувале 72.000 волонтери, а вкупно биле спроведени 84 акции за чистење на плажи, улици, океани, реки, населби…

Coca – Cola направила пластичен отпад колку сите три најголеми загадувачи заедно, пишува Designboom.

Биле најдени вкупно 11.732 пластични шишиња од брендот во 37 различни земји.

На второ место, според загадување со пастика, е компанијата Nestle со 4.846 пластични парчиња во 31 земја, додека третото место припадна на Рepsico со 3.362 парчиња отпад во 28 земји.

Фото: Pexels