Coca Cola промовира активен и здрав животен стил

36

live_like_grandpa

Животот порано бил поедноставен. Барем така е во најновата реклама на Coca Cola, во која се споредува животниот стил на млад современ маж и неговиот дедо. Порано луѓето се хранеле поздраво, биле поопуштени, подруштвени. А се разбира, заедничко им е тоа што и тогаш и сега пијат Coca Cola.

Спотот кој почна да се емитува во Велика Британија е дел од напорите на оваа компанија во борбата против прекумерната дебелина да ја зголеми свесноста за балансирана исхрана и активен здрав живот.