Coca-Cola склучи партнерство со кинеска компанија за спонзорство на Олимписките игри

24

Coca-Cola ги здружи силите со кинеската компанија за млечни производи Mengniu за заедничко спонзорство на Олимписките игри до 2032 година.

Заедничкиот договор покрива 12 години и вклучува четири летни Олимпијади, две зимски и маркетинг права за Параолимписките игри како и за Младинските Олимписки игри.

Coca-Cola е дел од Олимписките игри уште од 1928 година, а следната година завршува нејзиниот претходен договор, пишува CNN

Mengniu е најголемиот снабдувач со млечни производи во Кина, Нов Зеланд и Индонезија и произведува девет милиони тони производи годишно.

“Во време на трговска блокада помеѓу САД и Кина, овој сојуз е пример дека Олимпискиот дух ги обединува сите“, вели претседателот на Интернационалниот Олимписки комитет Томас Бах.

Според неофицијални извори зделката тежи три милијарди долари.

Други компании што се јавуваат како спонзори на Олимпијадата се Intel, Samsung Visa, Toyota, Panasoniс и Alibaba.

Следните летни Олимписки игри ќе се одржат во 2020 година во Токио, Јапонија.

Фото:Pixabay