Coffee cloud – го следи квалитетот и количината на направеното кафе од апарат

22

coffe cloud

Coffee Cloud точно “знае“ кога и колку кафе треба да се подготви во еден апарат и на кој начин персоналот се однесува кон апаратот.

Малата кутија од само десетина сантиметри должина и ширина на некои угостители би можела во целост да им го промени начинот на работа, пишува Bizit.hr.

Откако ќе се инсталира во или надвор од апаратот за кафе, Coffee Cloud собира податоци за бројот и количината направено кафе и истите ги испраќа на мобилен уред.

Иноваторот и претприемач Мирослав Ковач дојде на оваа идеја по неговото искуство во угостителството.

Оваа апликација не ги собира само податоците за направените количини на кафе, туку го следи и однесувањето на персоналот кон апаратот. Подготвува извештај за чистење на апаратот, квалитетот на кафето, а нуди и информации за времето кога потрошувачката на кафе е најинтензивна.

Инсталацијата на Coffee Cloud трае 20-тина минути и ја извршуваат овластени сервисери на апарати за кафе. Неговата идеја засега ја препознаа околу 1.000 корисници, а Мирослав пресмета дека со користењето на овој систем приходите може да пораснат и до 1.000 евра месечно.