Coinbase блокираше повеќе од 25.000 дигитални „паричници“ поврзани со Русија

Американската берза за криптовалути Coinbase објави дека замрзнала повеќе од 25.000 дигитални паричници поврзани со руски поединци и организации.

Според RT, берзата за криптовалути верува дека тие се поврзани со „незаконски активности“.

Coinbase додава дека повеќе детали за релевантните сметки се препратени до владата на Соединетите Американски Држави, пренесува Russia Today.