ColorFab – технологија што овозможува 3D печатени предмети да менуваат бои

42

jk

Фото: Youtube

Научници од Универзитетот во Масачусетс MIT CSAIL создадоа технологија наречена ColorFab, којашто овозможува креирање на предмети што менуваат бои откако ќе бидат испечатени, пишува Engadget.

Тајната на ColorFab е во специјалното мастило коешто има основни бои и бои што се менуваат согласно со светлината. Овие адаптибилни бои се одговорни за менување на нијансата во основните бои кога истите ќе се изложат на UV светлина.

За да може да се користи методот, корисникот треба да постави 3D модел на неговиот интерфејс и потоа да одбере боја. Деловите на предметот што може да се трансформираат имаат дизајн во пиксели, па корисникот одбира кои од нив да бидат активирани, односно да сменат боја или да станат транспарентни.

Според направените тестови, на еден предмет му се потребни 23 минути за да смени боја. Тимот се надева дека тоа ќе оди во иднина многу побрзо.

Нивната цел е штом технологијата ќе биде доволно развиена, да најде примена во текстилната индустрија.