Consumer Reports ги прогласи најсигурните и најнедоверливите автомобили

96

Ако судиме според оваа студија, нема сомнеж, кога купувате јапонски автомобил не можете да погрешите.

Во својот годишен извештај за доверливост на автомобили, Consumer report објави листа на новини за секоја препорака, но ја повлече и препораката за десетина автомобили кои паднаа во квалитетот и доверливоста во последната година. Конечно, CR објави и скала за доверливост на брендот што носи голем број изненадувања.

Пред самиот попис, треба да посочиме дека истражувањето се заснова на прашалник што CR го испраќа до своите членови. Преку анкетен лист соопштуваат колку биле задоволни од автомобилот пред една година, односно ги именуваат сите проблеми што автомобилот им ги направил. Автомобилското искуство е сегментирано во 17 категории, а конечниот резултат се бодува на скала од 0 до 100, каде што просекот се движи од 41 до 60 поени. Тоа е база која брои над 300.000 автомобили произведени од 2001 до 2021 година.

Фактот дека Lexus е на прво место никого не изненадува. Навикнати сме на тоа, и во овој случај со 76 бодови е точно 1 поен пред второпласираната Mazda и пет бода пред Toyota. Девет марки на автомобили постигнаа натпросечни резултати, но меѓу нив нема некои марки што сме навикнати да ги гледаме во горниот дел. Па така, го нема Porsche што го зазеде 13-то место со просечна оценка. Ја нема Kia, а Genesis е особено изненадувачки бидејќи падна на самото дно со Tesla Motors, Jeep и веројатно најлошиот Lincoln.

Гледано во однос на моделите, голем број американски модели постигнаа натпросечен резултат. За нас во Европа е значајно што Ford Ranger и Ford Mustang Mach-E поминаа добро. Моделите кои се искачија на скалата и возат и по европските патишта се Audi Q7, BMW X3, Kia Niro EV, Nissan Rogue Sport и Volvo XC60.

Меѓу оние чија доверливост значително опадна се Chevrolet Bolt, Hyundai Santa Fe и Jeep Gladiator.