Фото: Continental
Германската компанија Continental претстави две нови технологии на своите гуми што ќе придонесат за подобра безбедност и комфорт на патиштата, стои во официјалното соопштение. Системите овозможуваат постојан мониторинг на состојбата на гумата, како и адаптација во согласност со карактеристиките на патот.
Технологиите се наречени ContiSense и ContiAdapt. ContiSense се базира на електрично-проводни гумени соединенија кои овозможуваат електрични сигнали да бидат испратени од сензорот во гумата до приемникот во автомобилот. Сензорите постојано ја следат температурата и длабочината на шарите на гумата.
Ако вредностите се под или над дозволените граници, системот го предупредува возачот. ContiAdapt комбинира микро-компресори интегрирани во тркалото коишто го прилагодуваат притисокот во гумите со раб со променлива ширина. Системот потоа ја модифицира големината на контактот на гумата со патот, што при различни услови е одлучувачки фактор за безбедност и комфорт. Достапни се четири различни комбинации: за влажен пат, нерамен, лизгав и пат со нормални услови.