Converse од 25.000 долари

18

Nate-Lowman

Американскиот уметник Нејт Лоумен направи успешна соработка со концепт продавница во Лос Анџелес Just One Eye. Тој дизајнираше 21 уникатен пар на Converse All Star патики и чевли.

Цената за пар е 25.000 долари, а лимитираната серија е направена од телешка кожа.

Nate-Lowman-for-Just-One-Eye

Уметникот деконструираше една од своите слики, која што беше базирана на Marilyn Monroe од Вилем де Конинг, од 1954 година, при тоа претворајќи го платното во осум пара рачно изработени патики и 13 пара чевли.

Еден пар од овие уникатни обувки потоа ќе биде одново изработен во уште 500 примероци.