Converse тужи 31 компанија поради продажба на фалсификат “старки“

70

converse

Познатиот светски бренд Converse поднесе тужба до 31 компанија поради, како што тврдат, продажба на копии од планетарно познатите патики.

Меѓу оние компании што ќе застанат пред судот се американската Walmart, како и Kmart и Sketchers, бидејќи нуделе патики на кои е препознатливата ѕвезда што многу потсетува на легендарните “старки“.

Сериозните намери на Converse ги потврдува и фактот што освен пред судот во американската сојузна држава Њујорк, тужба поднесе и пред Меѓународната комисија за трговија.

И покрај тоа што Converse бара материјална отштета од компаниите што ќе ги тужи, главен приоритет им е од полиците во продавниците конечно да се отстранат фалсификуваните производи. Поради тоа поднеле и тужба пред Меѓународната комисија за трговија, која може да го запре увозот во САД за било кои обувки за кои сметаат дека се фалсификат, пренесуваат американските медиуми.

“Нашата цел е да се стави крај на таквите производи“, истакна Џим Калоун, претседател на Управата на Converse, нагласувајќи дека нивниот бренд е своевидна американска икона на која треба сите да бидат горди.