Cop27: Формиран фонд за сиромашните земји

8

Земјите кои учествуваат на климатскиот самит COP27 во Египет  постигнаа договор за формирање фонд за помош на сиромашните земји погодени од климатските промени и катастрофи.

По неколкучасовни преговори, египетското претседателство на самитот COP27 го објави текстот на договорот кој предвидува формирање фонд за помош на земјите во борбата против поплавите и сушите, но договорот не ги поттикнува напорите за сузбивање на емисиите на штетни гасови кои водат на ваквите појави, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, добар дел од одлуките за формирање на тој фонд се одложени за следната година, кога „преодниот комитет“ треба да даде препораки кои потоа би биле усвоени на следниот самит COP28 во ноември 2023 година, пренесува Танјуг.

Конференција во египетското летувалиште траеше две недели и беше тест за државите дали се подготвени да се борат против климатските промени. Требаше да заврши во петокот, но беше продолжена за ден-два поради неслога и отсуство на договор поради што следувааи закани од Европската Унија за напуштање на преговорите. Заклучокот, сепак, е дека ниту војната во Европа, енергетската криза и инфлацијата не го намалија интересот на јавноста за климатските промени.