COP29: До 2035 година, 300 милијарди долари годишно за земјите во развој

24

Европската унија, САД и другите богати земји се согласија на климатскиот самит COP29 во Азербејџан да ја зголемат понудата на земјите во развој на 300 милијарди долари годишно до 2035 година за климатски активности, изјавија извори за Ројтерс во саботата.

Промената на ставовите настана откако предлогот за договор вреден 250 милијарди долари, кој во петокот го даде азербејџанското претседателство со COP29, беше оценет како навредливо низок од земјите во развој, на кои им е наменета оваа помош.

Пет извори со знаење за дискусиите зад затворени врати рекоа дека ЕУ се согласила дека би можеле да прифатат поголема бројка. Два извори рекоа дека САД, Австралија и Британија исто така се согласни.

Делегатите на климатските разговори на Обединетите нации во Баку чекаа нов нацрт на глобалниот договор за финансирање на климатските промени во саботата наутро, откако преговарачите работеа цела ноќ.

Портпаролот на Европската комисија одби да ги коментира преговорите, а американската делегација не одговори веднаш на барањето за коментар.