Фоо: Ossia
Американската компанија Ossia дизајнираше батерија којашто се полни безжично, односно преку воздух, пишува Inhabitat.
Cota е првата AА батерија во светот што се полни на ваков начин и овозможува било кој уред што работи на АА батерии да се полни од далечина.
Cota производите на Ossia имаат вградено безжична технологија што емитува прецизен и моќен RF (радио фреквентен) сигнал до било кој уред со Cota RF антена. Приемниците на RF потоа го претвораат сигналот во ефективна моќ.
Новата батерија има во себе RF приемници и директно ги пронаоѓа уредите што се полнат безжично.