Во време кога животот не може да го замислиме без мобилен телефон, лап топ или таблет, еден од најчестите проблеми со кои се соочуваме е празната батерија.
Технолошките компании сè почесто на своите корисници им нудат опции за “паметно“ полнење на нивните телефони со преносни батерии или соларни полначи. Но, компанијата Powertraveller понуди сосема поинаков производ на пазарот.
Crankmonkey го полни телефонот со помош на струјата што корисникот сам ќе ја создаде. Овој полнач кинетичката енергија ја трансформира во електрична, па со вртењето на рачката силата се генерира своевидно гориво за мини генераторот.
Овој уред има и USB приклучок, па може да полни било каков уред, а не само мобилен телефон.
Од компанијата ја гарантираат неговата издржливост, нагласувајќи е изработен од алуминиум. Полначот чини 99 долари, а Powertraveller дава доживотна гаранција за негово користење.