Credor Fugaku Tourbillon – часовник од пола милион долари

26

ovaПроизводителот на луксузни часовници Seiko, како дел од својот бренд Credor, го претстави ултра луксузниот часовник наречен Credor Fugaku Tourbillon чија цена е 450.000 долари. Ова ремек дело доаѓа во ограничено издание и е првиот часовник од Seiko со турбилон механизам.

Она што е највпечатливо кај него се неверојатните минијатурни дела на три врвни мајстори од брендот. Часовникот има и Caliber 6.830 механизам, базиран на претходните изданија од производителот, резервна енергија од 37 часа, фреквенција од 21.600 vph, додека во центарот на дизајнот се наоѓа планината Фуџи.

Куќиштето на часовникот има пречник од 43,1 mm и дебелина од 8,8 mm. Доаѓа во две верзии, платина и 18-каратно бело и жолто злато декорирано со 48 сафири. Бројчаникот, исто така, доаѓа во верзија од 18- каратно бело и жолто злато со бисерни детали. Credor Fugaku е водоотпорен на длабочина до 30 метри, а неговиот ремен е изработен од алигаторска кожа и платина.
Seiko-Credor-Fugaku-Tourbillon-buyWatchesTop-4
ooo