Cro Fog – уред за запрашување против комарци

50

cro fog

Здодевните комарци ги прават летните денови и ноќи неподносливи. Од таа причина Стијепан Свибен од Хрватска минатата година го престави својот изум Cro Fog.

Станува збор за преносен уред за запрашување против комарци на помали површини. За разлика од други уреди на струја, Cro Fog не е зависен од кабел и електрична енергија и создава значително поголемо количество на магла за уништување на комарците.

Cro Fog работи на принцип на загревање и распрскување со помош на пестициди и еколошки масла, коишто потоа ја создаваат маглата. Како погонско гориво го користи бутанот.  Уредот што тежи само 1,8 килограми, е доволен да запраши одреден простор и пет минути да ги снема здодевните комарци.

“Задоволен сум од развојот на проектот, но главниот проблем како и кај многу други претприемачи е  недостатокот од капитал. Поради тоа серијата е лимитирана, а финалниот производ е релативно поскап“, вели Свибен за Пословни дневник.

Тој додава дека за неговиот изум знае поголемиот дел од Европа и дека има барања од дистрибутери од целиот регион. Интерес за Cro Fog постои и во Полска, од каде дојде понудата за откуп на проектот или за влез во заедничка инвестиција со производство во Полска.