Croatia Airlines го потврди судскиот спор со американската Networld Communications

22

croatia airlines

Хрватскиот авио превозник Croatia Airlines информира дека постои парница што се води пред судот во Њу Џерси во која тужител е компанијата Networld Communications, а тужена страна Croatia Airlines, стои во соопштението објавено на Хрватската берза.

За детали околу спорот од Croatia Airlines одговориле дека компанијата во овој момент не може да даваат повеќе информации, со оглед на тоа што правната постапка со компанијата е во тек.

Според информациите од медиумите, Networld Communications ја тужи Croatia Airlines поради едностран прекин на договорот за продажба на карти и маркетинг застапување за подрачјето на Северна Америка и Канада.

Се наведува дека Networld  ја застапувал хрватската авио компанија од 1997 година до крајот на јули минатата година и на први јули 2011 година е потпишан нов четиригодишен договор кој стапи на сила на една година подоцна, но потоа Croatia Airlines еднострано го раскина, за што Networld бара отштета.