
Првиот од 15-те нови авиони Ербас А 220 во флотата на Croatia Airlines (CA) треба да пристигне во јуни 2024 година, изјави за Јутарњи лист Томислав Михотиќ, државен секретар во Министерството за транспорт.
Михотиќ и извршниот директор на Кроација ерлајнс, Јасмин Бајиќ, неодамна ја посетија фабриката Бомбардиер во Канада, каде се произведуваат авионите на Ербас, со цел со претставници на Ербас да ги одредат датумите за испорака. Имено, како последица на епидемијата на корона дошло до големо пореметување на пазарот, а испораката на нови авиони значително доцни, пишува Јутарњи лист.
Ова е случај и со авионите нарачани од CA. Имено, според договорот, првите два авиона требаше да бидат испорачани на почетокот на следната година, а сега од компанијата велат дека првите ќе бидат испорачани во втората половина на следната година.
Сите авиони ќе се финансираат преку долгорочен оперативен лизинг, т.е. CA нема да го поседува











