Croatia in a Box – кутија со автентични гастрономски производи

81

croatia in a box

Croatia in a Box претставува нов хрватски бренд во форма на линија на производи и on line продавница, преку којшто се промовира културното наследство и врвните гастрономски производи на малите производители во земјата, пишува Пословни дневник.

croatia in a box 1

Станува збор за 13 тематски пакети, на коишто ги има сите препознатливи хрватски симболи, а во внатрешноста има храна и пијалаци од автентично потекло.

croatia in a box 2

Автори на оваа идеја се Анатолиј Лазиница и Сања Милардовиќ Лазиница, кои направија комбинација од најквалитетните гастрономски производи и на помали производители од Хрватска. Според нив, Croatia in a Box е пресек на хрватската култура на производство на храна и пијалаци.

croatia in a box 3

On line продавницата ќе им помогне на помалите производители, кои немаат сопствени канали за дистрибуција на производите во странство.

croatia in a box 4

“Домашните производи немаат препознатлив идентитет и кредибилитет на домашниот пазар. Рамката за селекција на Croatia in a Box е квалитетот, а нашиот кредибилитет го градиме со производите коишто ги избравме бидејќи сметаме дека можат да бидат рамо до рамо со конкуренцијата во странство. Нашата селекција е флексибилна, а со текот на времето ќе се надградува“, велат Анатолиј и Сања.

croatia in a box 5

Во ексклузивните кутии има солени и слатки јадења, масло и вино. Нивните цени се движат од 31 до 148 евра.