Cruise M: Ограничена серија велосипеди од BMW

84

BMW-Cruise-MГерманскиот производител на автомобили BMW претстави велосипед којшто многу наликува на нивниот спортски автомобил M2, пишува Luxuo. Велосипедот ја има истата металик боја како и автомобилот, а компанијата ќе произведе само 1.500 примероци по цена од 1.400 евра.

Иако BMW е најмногу познат по автомобилите тие речиси 60 години произведуваат и велосипеди. Нивната експертиза за изработка на возила може да се види во конструкцијата на Cruise M, којшто е направен од карбонски влакна и алуминиум што придонесува за неговата издржливост без додавање на дополнителна тежина.

Неговите тркала се 28-инчни и има систем со 30 брзини. Секој дел од алуминиумската рамка е извајан на тој начин што истата изгледа како да е направена од само едно парче метал.

BMW-Cruise-M-Bike-Limited-Edition-4BMW-Cruise-M-Bike-Limited-Edition-2-750x529