Црвените домати и зелените пиперки поскапи од лани

37

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во декември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај црвените домати и зелените пиперки. Најголемо намалување на цените е забележано кај краставиците и лимоните.
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во декември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и лукот. Најголемо намалување се забележува кај лупените ореви и бананите.