Crystal Cruises воведува хипоалергенски апартмани

46

crystal4Јапонскиот производител на јахти Crystal Cruises најави дека ќе преуреди дури 70 соби во хипоалергенски апартмани, кои ќе бидат достапни за гости од оваа есен. Со ова компанијата сака да им излезе во пресрет на оние гости кои страдаат од алергии, а сепак сакаат без проблем да уживаат во удобностите на крстерењето.

crystal_penthouse_suite_530x348

Трансформацијата на собите се состои од седум чекори и ќе вклучи буквално се, длабоко чистење од подот до плафонот со кое ќе се остранат бактериите, алергените и нечистотијата, па се до специјален третман со озон со кој ќе се елиминираат вирусите, непријатните миризби и штетниците.

1376680566000-Allergy1

“Како дополнителна превенција и одржување, на секоја површина во апартманите ќе биде нанесена  “бактериостатска бариера”, од прекинувачите за струја и TV екраните, до уметничките дела, со цел да се запре множењето на микроорагизми за период од две години” велат од Crystal Cruises.

crystal-symphony-bedroom

Во собите исто така ќе има и врвни системи за прочистување на воздух, како и кревети кои не предизвикуваат алергија.

7623198

Апартманите ќе бидат подготвени и дезинфицирани со истата програма што беше користена и во лукзузните хотели како SLS Beverly Hills, Park Hyatt Toronto и Fairmont Chicago. Новите хипоалергенски апартмани ќе бидат отворени за гости на 27 ноември.