Цукерберг го зазеде второто место на листата на милијардери, Безос падна на третата позиција

17

Сопственикот на технолошката корпорација Мета Марк Цукерберг напредуваше на најновата листа на милијардери на Блумберг и го зазеде второто место, заменувајќи го на оваа позиција основачот на компанијата Амазон Џеф Безос кој падна на третото место.

Според извештаите, богатството на Цукерберг се зголемило за 3,43 милијарди долари до 206 милијарди долари од последното мерење, а од почетокот на годината неговата пазарна вредност е зголемена за 78,1 милијарди долари.

Спротивно на тоа, богатството на Џеф Безос падна од последното мерење за 2,62 милијарди долари на 205 милијарди долари.

Најбогат човек на светот и понатаму е сопственикот на компаниите X и Tesla, американскиот претприемач Илон Маск, кој има имот од 256 милијарди долари.

Во првите десет се и извршниот директор на групата LVMH Бернард Арно, поранешниот шеф на компанијата Oracle Лери Елисон, ко-основачот на Microsoft Бил Гејтс, ко-основачот на Google Лари Пејџ, поранешниот директор на Microsoft Стив Балмер, инвеститорот Ворен Бафет и другиот ко-основач на Google Сергеј Брин.