CV-то е минато? Jапонска компанија нуди ново решение

177

Јапонската компанија Recruit Co. Ltd., која стои зад најголемиот светски портал за вработување Indeed и страницата Glassdoor, вели дека има решение за недостигот на работна сила во САД: клучот е во елиминирање на биографиите.

Ваквата идеја веројатно им звучи чудно на сите вработени, бидејќи општо е познато дека испраќањето CV е наједноставниот и главно најефикасен начин за обезбедување на интервју за работа.

Сепак, за регрутерите, тоа е процес кој трае. Недостигот од работна сила зема замав и нема доволно време за преглед на секое CV.

Отфрлањето на резимето е одлична можност за нив да продолжат напред и да се оддалечат од стариот начин за вработување.

Но, ако нема документ за CV, тогаш што?

Според една проценка, САД се соочуваат со најтешката ситуација на пазарот на труд од 1950-тите, додека работодавците се борат да ги пополнат слободните работни места. Барателите на работа, од друга страна, ги преиспитуваат своите приоритети по пандемијата.

Современите процеси на вработување мора да се прилагодат на времето, рече директорот на Indeed, Хисајуки Идекоба,додека многу мали и средни претпријатија се уште сакаат да ги пополнат работните места на „традиционален начин“.

Но, тој го наведува примерот на ресторан кој не го променил описот на својата работа цела деценија, пишува Блумберг.

– Ти треба факултет, зошто? – праша и додаде: „Заборавете на тоа!

Идекоба, кој го поминува своето време меѓу Токио и Остин, Тексас, каде што е седиштето на Indeed, вели дека морал да чека 40 минути во ресторан во САД оваа есен поради недостаток на персонал.

Наместо тоа, Recruit предлага да се поставуваат прашања и тестови за проценка на барателите на работа за да видат што знаат и како да се справат со специфичните задачи што ги бара работата.