
Посевите со кафе во висорамнините на источен Конго скапуваат и венеат, бидејќи ескалацијата на деценискиот конфликт во регионот меѓу владата и бунтовничката група М23 ги спречува земјоделците да ја обработуваат својата земја оваа година, изјави денес директорот на земјоделската канцеларија на земјата што го надгледува извозот, Франсоа Камбале Нзанзу.
Тој рече дека, иако дрвјата кафе цветаа обилно оваа година, борбите и прекините во банкарските операции го ограничија извозот, објави Ројтерс.
„Имавме многу кафе, но оваа година немаше многу извозници“, рече Нзанзу.











