
Напредокот во вештачката интелигенција (ВИ) ќе отклучи долгорочно чудо за продуктивноста, вели Нуриел Рубини, често мрачниот професор и економист познат како „Dr. Doom“ (Доктор Пропаст).
„Многу се зборува за технолошките иновации, вештачката интелигенција, машинското учење, роботиката, автоматизацијата и квантното пресметување, и тоа го слушаме. Но, тоа не го гледаме во вкупните бројки за продуктивност. Растот на продуктивноста во САД е едвај 1%, нешто понизок. Дали за 10 години ќе видиме значително зголемување на продуктивноста? Јас сум доста оптимист. Јас сум оптимист за продуктивност и технолошки оптимист“, изјави Рубини за Yahoo Finance Live.
И покрај ветувачкото позитивно влијание на вештачката интелигенција врз економијата, Рубини и другите експерти предупредуваат на недостатоци.
„Мислам дека има значителни заостанувања [на влијанието на вештачката интелигенција]. А идејата дека ќе има ненадеен економски раст во следните две-три години поради вештачката интелигенција и технологијата ми изгледа пресилен“, вели Рубини. „На среден рок технологијата ќе биде дефлациска. Но, можеби ќе се соочиме со една деценија стагфлација пред да ги видиме силните светла на технологијата и вештачката интелигенција кои го зголемуваат растот и ја намалуваат инфлацијата“.
Голдман Сакс неодамна процени дека генеративната вештачка интелигенција би можела да изложи 300 милиони работни места ширум светот на автоматизација во следната деценија. Тоа е убав начин да се каже дека луѓето ќе ги загубат своите работни места поради роботите.











