Да ѝ помогнеме на Александра Робев

178

саше

Александра Робев – Сашка има 40 години. Таа е мајка, сопруга, сестра… Центар на нејзиниот свет се нејзините две деца, синоокиот Иван кој има 2,5 години, прекрасната Кала која има 10 години и нејзиниот сопруг Константин Робев.
Сашка е ликовен уметник кој долги години работи како графички дизајнер. Пред точно една година и е констатирана Adenocarcinoma pancreatic или малигна неоплазма на панкреасот. Извршена и е операција на клиниката за абдомен каде што е изваден дел од карциномот и направен е бајпас на жолчката. По опоравувањето од операцијата примаше хемотерапија на Онкологија. Летото се чувствуваше многу подобро, но пред повеќе од еден месец нејзината состојба нагло се влоши.

Таа веќе не е во состојба да прима храна, па затоа целата храна што ѝ е потребна ја прима венски преку специјална инфузија. Нејзината здравствена состојба, со посебен третман за пациенти заболени од канцер може да ја поправи клиника во Берлин, а најрано што можат да ја примат е на 11 јануари 2016 година.

Драги пријатели, познати и непознати, да ѝ помогнеме заеднички да го продолжи својот живот, да може да им се радува на своите две деца, да се радува на секој сончев ден и да продолжи да ја има насмевката на лицето.
Ова се броевите на коишто можете да донирате:

Донациски број за корисниците на Телеком 070 143 144

Донациски број за корисниците на ОНЕ 075 143 200

Донациски број за корисниците на ВИП 077 143 111

Исто така може да се донира и на следниве жиро сметки:
Здружение за организирање на хуманитарни настани Родители и деца – РИД Скопје
Жиро сметка – 290100000188323ТТК Банка

Девизна сметка
RODITELI I DECA.-RID SKOPJE
IBAN: MK07290722000004409
SWIFT:TTXBMK2X
ACC. 00-722-0000044.8
TTK Bank A.D

Сашка е човек со големо срце, полна со љубов, огромен борец, човек со неверојатно позитивна енергија, храбра, силна… И покрај огромниот товар и болка што ги носи во нејзината душа, секогаш е насмеана.

Сашка пишуваше колумни за Бизнис Инфо, несебично одвојуваше од слободното време за да ги сподели своето знаење и искуство. Да ја покажеме нашата несебичност и повторно да ги читаме нејзините текстови.

Да ѝ помогнеме!

 

Текстовите на Сашка можете да ги прочитате овде.