Да, проширените вени можат да се превенираат!

56

thumbnail_medicus 1

Проширените вени создаваат главоболки на милиони луѓе во светот. Светската здравствена организација вели: Секоја втора жена и секој трет маж го имаат ова заболување. Генетиката оптеретува многу – доколку и двата родитела го имаат ова заболување, шансите се дека 80% ќе има манифестација и кај децата во текот на животот.

Уморни и отечени нозе, болки во потколениците, венски пајажинести цртежи по кожата, чувство на трпнење и јадеж се најчестите симптоми кои треба да нѐ натераат да помислиме дека нешто не е во ред со крвотокот во нашите вени.

За да спречиме појава на венско заболување и негова манифестација, особено е важно да преземеме соодветни превентивни мерки.

Многубројни медицински студии докажаа дека – Да, проширените вени можат да се превенираат!

Превенцијата е едноставна, се состои од редовно користење на компресивни чорапи или хулахопки, но секако паралелно со останатите препораки за активен живот и здрава исхрана.

Пешачење, возење велосипед, пливање, здрава исхрана, регулирање на телесната тежина се најчестите препораки за добро венско здравје.

Изборот на соодветна компресивна чорапа е клучот  за успешност на терапијата.

Секогаш треба да се внимава дали компресивната чорапа има медицинска градуирана компресија, како и при изборот на големината, која треба да биде одредена од страна на едуциран медицински персонал.

Со цел да го штити и чува венското здравје, Ортопедската куќа Медикус Хелп постојано ја надополнува програмата за  медицински чорапи/хулахопки за венска компресија која ги опфаќа сите класи, видови, бои и големини.

Светските брендови на чорапи и хулахопки застапени во понудата на Медикус Хелп се одликуваат со идеален спој на функција и естетика, што овозможува пациентот да се чувствува комфорно и здраво.