Dacia и Tesla најбарани во Европа

31

Според податоците објавени од JATO Dynamics (се однесува на 28 европски пазари), во февруари се регистрирани 988.116 нови автомобили, што претставува раст од околу 10 проценти.

Кога станува збор за најуспешните марки, Фолксваген и понатаму ја зазема првата позиција, а потоа следат Тојота и Пежо.

Листата на 10-те најдобри марки на автомобили во Европа за февруари 2024 година:

Фолксваген, 95.511 (-1%)
Тојота, 69.521 (+12%)
Peugeot, 57.987 (+8%)
Шкода, 57.638 (+14%)
BMW, 54.501 (+23%)
Рено, 49.348 (+6%)
Мерцедес, 48.708 (+1%)
Дачија, 46.111 (+3%)
Audi, 45.664 (-7%)
Hyundai, 39.738 (+6%)

Иако е најбараната марка, Volkswagen не го зазема првото место кога се во прашање најпродаваните модели. Таа позиција ја држи еден модел на Dacia Sandero, кој сè повеќе е меѓу најбараните автомобили во Европа.

По нив следи Tesla Model Y, а VW Golf е само на третото место. Погледнете ја листата на топ 10 најпродавани модели во февруари:

Dacia Sandero, 20.797 возила (+13%)
Tesla Model Y, 19.760 (+7%)
Volkswagen Golf (19.490, +45%)
Peugeot 208, 18.476 (+14%)
Citroen C3, 17.787 (+61%)
Skoda Octavia, 16.587 (+35%)
Toyota Yaris Cross, 15.760 (+7%)
Renault Clio, 15.002 (+26%)
Volkswagen T-Roc, 13.975 (-11%)
Peugeot 2008, 13.900 (+17%)