Dacia развива евтин електричен автомобил

12

Фото: Pixabay

Романскиот производител на автомобили, Dacia развива 100% електричен автомобил што треба да се најде на патиштата во 2020 или 2021 година, а прототипот би требало да биде претставен оваа година, пишува Romania Insider.

Електричниот автомобил на Dacia би требало со едно полнење да помине 160 километри, а се очекува на пазарот да се појави со пристапна цена, што ќе го направи достапен за голем број купувачи.

Оваа година се очекува голем број производители на автомобили да претстават, развијат или произведат автомобили што работат на струја и коишто не ја загадуваат животната средина.